| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец пронајден мртов кај езерото Треска

61-годишен скопјанец бил пронајден мртов кај езерото Треска. Се работи за Драган А. кој бил пронајден во камп-приколка, на која вратата ѝ била отворена.

Него го забележал случаен минувач, кој веднаш повикал Брза помош, но, за жал, таа можела да констатира само смрт.

Полицијата на местото извршила увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција која ќе ја покаже причината за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top