По шлаканицата што ја добија Бугарите од САД, за нивното тврдење дека наводно ги спасиле бугарските Евреи од депортација, режисерот и сценаристот на Трето полувреме, Дарко Митревски, со порака до бугарските власти и до неговите македонски критичари, сега да го тужат Вашингтон, како што претходно него му се закануваа.
Кога пред шест месеци ме прашаа што мислам, како ќе заврши оваа битка, јас одговорив: со десет гола разлика. Не затоа што јас сум многу фудбалски надарен, туку затоа што тоа што го зборував е стопроцентна вистина, која може да се провери во сите музеи, историски институти и универзитети на овој бел свет (освен во Бугарија!), а тоа што моите политички опоненти го говорат е стопроцентна лага. Бугарските европарламентарци се закануваа со тужби во Стразбур, заради филмот „Трето полувреме“ бугарската Влада се обиде да ја попречи македонската интеграција во Европската Унија – а се сеќавам дека и одредени „македонски интелектуалци“ токму во мене го најдоа виновникот за неуспехот на „македонските евроинтеграции“ (што и да значи тоа). Е па еве, бујрум и на едните и на другите и на третите, нека го тужат Вашингтон! Ако им стиска, се разбира, вели Митревски за мкд.мк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.