| четврток, 6 декември 2018 |

Ќеркичката на Јелена: „Пораснав, а мама уште ја нема”

Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената српска пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, сам го одгледува нивното детенце. Малечката Јана сеуште е неутешна по мајка си, која беше брутално убиена на 2 април годинава, на насипот кај Борча.

– Јана уште не знае дека мајка и по веќе ја нема, дека е убиена. За неа мајка и се изгубила во тревата…тоа се тешки моменти за нас. Стои пред огледало и вели, Еве пораснав, а мама уште ја нема, вели Зоран за спрските медиуми.

И мајката на убиената ѕвезда на Гранд, потврдува дека поминуваат низ најтешките мигови од животот.

– Срцето ми се пара, ми рече ја сонував мама, кога ќе дојде? вели Зорица.

Јелена беше убиена на 2 април, а полицијата и по 4 месеци, сеуште трага по убиецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top