Според податоците на американскиот Геолошки завод епицентарот на новиот земјотрес бил на околу седум километри од гратчето Норча, на релативно мала длабочина од десет километри, пренесува агенцијата АП.
Во Норча, која се наоча на околу 170 километри од Рим, беше и епицентарот на вчерашниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтеровата скала, кој речеиси ги срамни со земја градовите Аматриче, Акумоли и Рескара дел Тронто, а настрадаа повеќе од 250 луѓе.
Новиот земјотрес во централна Италија се случи околу 5.40 часот утрово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.