Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словачка Мартин Безак на која разговараа за политичката ситуација во Македонија и реализацијата на преземените обврски за паралментарните избори.
– Очекувам секој да биде на ниво на сериозноста, на 31 август да се одржи лидерската средба на којашто ќе утврдиме дека во декември ќе се одржат следните предвремени парламентарни избори во Македонија, истакнал Заев на средбата.
Тој, како што се наведува во соопштението, рекол дека СДСМ е категорично определена граѓаните на следните избори слободно да изберат на кого ќе ја дадат одговорноста да ја води државата и оценил дека според расположението на терен и анкетите, тоа ќе биде СДСМ и опозицијата.
Амбасадорот Безак, како претставник на земјата којашто сега претседава со Европската унија, изразил надеж дека во Македонија ќе се одржат демократски избори што ќе донесат демократски прогрес на државата кон ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст