| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата го фатила додека си ја полевал марихуаната

Полицијата во село Ранковце, кривопаланечко, по претходно добиени информации дека има насади од растението „Канабис сатива“, лоцирани на местото „Блидечка река“, ги лишила од слобода 41-годишниот С.С од скопското село Синѓелиќ и 41-годишниот Д.А. од скопско Стајковце, додека ги наводнувале насадите. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полциијата во Куманово. Притоа биле пронајдени и запленети вкупно 63 стебла од непознати растенија во големина од 0,7 до 2,5 метри, кои се откорнати и со потврда за одземени предмети се одземени. Одземени биле и едно кесе од ѓубре, една пластична туба бела боја и една пластична кофа црвена боја. По целосно расчистување и документирање на настанот ке биде поднесена кривична пријава против С.С и Д.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top