Жителите на Европската унија би требало да плаќаат иста цена на електрична енергија во сите земји. Но, не е така. Цените отскокнуваат од ЕУ просекот и до 60%. Најскапа струја плаќаат Кипраните. Најевтина Бугарите.
За Германците цената е висока заради трошоците за субвенционрање на обновливите извори на енергија. Кај Италијанците цената ја диктира презаштитениот домашен пазар.
Цените варираат низ цела Европа – чудно, со оглед на леснотијата со која струјата може да минува граници преку преносните системи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.