Турскиот претседател најави дека денес, за време на посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден ќе порача дека „САД нема никакви оправдувања и мора на турските власти да им го испорача Фетулах Ѓулен“.
Турскиот претседател го смета Ѓулен за одговоренза организирање на неуспешниот пуч и од средината на јули, до денес во Турција се спроведуваат масовни апсења на сите поддржувачи на муслиманскиот имам кој што моментално живее во Соединетите Американски Држави.
Говорејќи во Анкара, турскиот претседател изјави дека Турција „ќе продолжи на американските власти да им доставува документирани барања за испорака на Ѓулен“, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“. Американскиот Стејт Департмент синоќа потврди дека има добиено официјално барање за испорака на Фетулах Ѓулен.
-Турција и САД се стратешки партнери, а чувањето на Ѓулен во никој случај не може да им биде од корист на Американците, изјави Ердоган.
До испорачување на Ѓулен во Турција, сепак, тешко дека ќе дојде, на што укажува и изјавата на американскиот потпретседател Бајден, кој, како што пренесува СИ ЕН ЕН Турк за време на посетата изјавил дека „би сакал Ѓулен да бил во некоја друга земја, а не САД“.
Имамот Ѓулен негира било каква вмешаност во организацијата на неуспешниот воен удар на 15-ти јули и тврди дека самиот пуч бил организиран од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и неговите најблиски соработници, за да има опрадување, односно одврзани раце за апсење на сите негови политички противници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст