Што го прави некого паметен? Научниците веќе со години се обидуваат да стигнат до одговорот на ова прашање, а резултатите од нивните истражувања укажуваат на тоа дека, од мајчиното млеко па сè до струкот, може да влијае на вашата интелигенција. Доколку се пронајдете во следниве неколку точки, тоа значи дека вашата интелигенција е многу поголема одошто кај останатите.
1. Не пушите
Едно израелско истражување спроведено во 2010 година ја споредувала интелигенцијата на 20.000 пушачи и непушачи, а добиените резултати биле неверојатни:
Просечен пушач на возраст од 18 до 20 години имал IQ 94, додека непушачите имале IQ кое изнесувало 101.
Оние кои пушеле повеќе од една кутија на ден, имале IQ 90.
Кога се во прашања браќата и сестрите, непушачите биле поинтелигентни од пушачите.
2. Сте посетувале часови по музика
Истражувањата покажуваат дека музиката влијае во развојот на мозокот кај децата и тоа на следниов начин:
Една студија од 2011 година открила дека вербалната интелигенција на децата од 4 до 6 години се зголемила по само еден месец одење на часови по музика.
Едно претходно истражување покажало дека кај шестгодишни деца кои оделе 9 месеци на часови по клавир е забележан значителен пораст на интелигенцијата за разлика од децата кои посетувале часови по глума, или воопшто немале никакви активности.
3. Вие сте најстаро дете
Постарите деца во семејството се поинтелигентни, но за тоа не е крива генетиката.
Една студија објавена во 2007 година покажала дека постарите деца имале мала, но значајна предност кога е интелигенцијата во прашање. Нивниот IQ бил за 3 поени поголем од следното постаро дете во семејството.
Разликата во ова не се должи на биолошките фактори, туку на психолошкиот однос помеѓу децата и родителите.
4. Слаби сте
Една француска студија од 2006 година набљудувала 2.200 возрасни личности кои во периодот од 5 години решавале тестови за интелигенција.
Резултатите покажале дека когнитивната способност на луѓето е послаба ако нивниот струк е поголем.
Истражувачите откриле дека личностите со телесен индекс 20 или помалку, можеле да се сетат на 55% од зборовите на тестот, додека подебелите луѓе, чиј индекс на телесна маса бил 30 или поголем, можеле да се сетат само на 44%.
Дебелите испитаници покажале поголем пад на когнитивните способности кога го решавале тестот после пет години.
5. Имате мачка
Една студија од 2014 година открила дека луѓето кои себеси се сметаат за љубители на кучиња се многу посрдечни од љубителите на мачки, но вторите покажале поголеми резултати на тестовите за интелигенција.
6. Ве доеле
Две студии кои набљудувале 3.000 деца од Англија и Нов Зеланд покажале дека доењето ја зголемува интелигенцијата на личностите за околу 7 поени во случајот кога таа го имала генот FADS2.
Оваа верзија на генот им помага на децата подобро да го искористат мајчиното млеко и да го подобрат развојот на некои делови од мозокот кои се поврзани со повисоката интелигенција.
Точниот механизам кој стои зад оваа врска, сѐ уште не е откриен.
6. Леваци сте
Левораките луѓе се во најновите истражувања поврзани со т.н. „мулти-размислување“ – форма на креативност, каде што луѓето смислуваат нови идеи од една точка.
Па затоа, оние луѓе кај кои доминира левата рака многу подобро комбинираат два обични предмети на нови начини за да создадат трет.
7. Високи сте
Иако како левораките луѓе, и високите луѓе имаат репутација на интелигентни.
Една студија спроведена на Универзитетот Принстон забележала: „Во текот на детството, високите деца имаат значително подобри резултати од останатите на когнитивните тестови.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст