| четврток, 6 декември 2018 |

Најмистериозната книга наскоро ќе биде достапна за јавноста

Една од најенигматичните книги во светот ќе се репродуктира во Шпанија, а станува збор за ракопис на Војнич, напишан на средновековен пергамент на јазик кој ни најголемите криптографи во светот никогаш не успеале да го дешифрираат.

detali-kniga-vojnic-pecatenje-03

Стотина истражувачи го минале својот живот обидувајќи се да ја дешифрираат таа мистериозна книга со страници испишани со елегантен ракопис, со илустрации од чудни билки и цртежи од голи жени. Делото ретко излегува од сефот на библиотеката Бејнек во универзитетот Јејл во САД. Но, малата издавачка куќа со седиште на северот на Шпанија, Силое, конечно по 10-годишни напори добила дозвола за репродукција и печатење од речиси 1.000 примероци, на голема радост на директорот на издавачката куќа.

Ова дело е навистина нешто посебно, рекол Хуан Хозе Гарсија од седиштето на издавачката куќа. Toj има намера да издаде толку веродостојни факсимили од манускриптот на Војнич, да може да се видат флеките, дупките и другите незгоди кои ги доживеал стариот пергамент.

Кога ракописот бил даден на датирање во 2009. година, било откриено дека настанал помеѓу 1404. и 1438. година. Библиотеката секој месец прима илјада мејлови од лица кои мислат дека ја откриле мистеријата на кодот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top