| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје и Кожув со предност во полуфиналињата против Фени и Работнички

МЗТ Скопје и Кожув остварија значајни победи над Фени индустри, односно Лирија, што им овозможија да стартуваат со 1-0 и предност на домашен терен, во полуфиналето од кошаркарскиот плејоф.

Противници ќе им бидат Фени, односно Работнички, екипи пред кои е тешка задача да ја анулираат позитивата и да се обидат да ја вратат предноста на домашен терен.

МЗТ Скопје победи во Кавадарци со 93-82, Кожув во Гевгелија ја декласира Лирија со 91-64, а Работнички загуби дома со 82-83 од Куманово. И покрај победата кумановци нема да доигруваат за титулата, исто како и фенерџијата Лирија.

Шампионот МЗТ Скопје, со само еден пораз во 10 кола од Суперлигата, го освои првото место и за финале ќе треба да го елиминира четвртопласираниот Фени. Во вториот полуфинален дуел, Кожув кој го освои второто место, ќе има идентична предност против Работнички, како и првакот МЗТ со Фени.

Полуфиналињата почнуваат веќе в сабота, со натпревари во Скопје, каде МЗТ му е домаќин на Фени и во Гевгелија, каде Работнички му оди на мегдан на Кожув.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top