Емилија Џорџ работела за бројни приватни летови како стјуардеса,а за британскиот „Телеграф“ се одлучи да открие се што се случува во приватните авиони на богаташите високо над земјата.
-Кога можете да си дозволите приватен лет, парите не ви се проблем. Било да станува збор за вечера од милион фунти, салата од 700 долари, па дури и вежбална во авиони или дискотека со шипки на кои девојките можат да играат…Видов дури и престол од злато, изјави Емилија.
Често се сретнувала со невозможни барања, кои морала да ги исполни. И плаќале превоз со такси од 500 фунти само за да купи кавијар, а дури дошло и до принудно слетување поради силната желба за храната во Мекдоналдс.
-Еднаш послужував лосос на кој цел негов живот му пуштале класична музика“ – открива само еден од многуте бизарни барања на богатите патници.
Неморалните понуди се дел од работата, како што изјави Емилија. Најлошо и било со моќните бизнисмени кои ја пипкале или без срам и нуделе интимни дружења, а знаеле и ненајавено да упаднат во нејзината хотелска соба.
Сопственикот на еден приватен авион имал и перверзни униформи за стјуардесите кои морале да ги носат цело време, а тие кои ќе одбиеле не поминувале добро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст