Познатата актерка Кели МекГилис, ѕвезда на мегахитот„Топ ган“, преживеала две силувања и се здобила со сериозни повреди за време на нападите.
Кели моментално има 59 години и живее во Северна Каролина, а ја силувале двајца мажи пред 35. години. Во 1979. година кога се доселила во Њујорк за да студира глума, додека излегувала од кадата двајца мажи насилно влегле во станот и под закана со нож ја одвлечкале во спалната соба.
И покрај нејзините крикови, ја силувале, плукале, удирале и боделе со нож.
-Се менуваа и говореа дека ќе ме тепаат додека не умрам. Во тие моменти мислев дека ќе умрам и се предадов, рекла Кели.
Полицијата сепак стасала на време и таа била префрлена во болница, а двајцата напаѓачи се уапсени во рок од еден месец.
После овој брутален напад, МекГилис се борела да ја врати довербата кон мажите, паднала во депресија и се оддала на алкохол. Подоцна почнала и да се дрогира, а мир пронашла дури во 2009. година. Тогаш била трезна веќе осум години и ја обновила врската со двете ќерки.
Ова лето актерката повторно доживеала траума, кога во нејзината куќа упаднал провалник.
Поради претрпениот страв Кели открила дека била силувана од страна на тројца мажи и кога имала 12. години.
Таа сега има дозвола за носење оружје и никаде не оди без пиштол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст