Припадниците на Заедничките сили на војската и полицијата на Србија синоќа околу 21 часот на патот меѓу пиротските села Славиње и Изатовци слушнале истрели, а потоа нашле шест мигранти, од кои едниот имал прострелна рана во градниот кош. На местото на настанот затекнале и четрворица ловџии, дознава Ало.
За настанот биле звестени полицијата и Итната помош, а лекарите на самото место констатирале смрт кај маж на 20 години од Авганистан.
Припадниците на МВР во Пирот по увидот уапсиле еден од ловџиите, М.М. (39) од Пирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.