Скелет на необично морско животно беше исфрлено на брегот на Нов Зеланд пред неколку дена и го вознемири локалното население.
Чудовиштето било долго девет метри и имало големи заби, а на видеото снимено од локален жител се гледаат и остатоци од големи перки.
Снимката била објавена на Јутјуб во обид да се разјасни мистеријата за потеклото на животното. Некои сметале дека станува збор за примерок од изумрен вид крокодили или џиновски јагули, а ексерпетот за подморски свет Антон ван Хелден смета дека најверојатно станува збор за полураспаднат скелет на кит убиец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.