Аматриче е град кој веќе го нема – лекелекаше градоначалникот на ова мало место во централна Италија, Серџо Пироци, откако тој дел на Лација синоќа го погоди силен земјотрес од 6,2 степени по Рихтеровата скала.
Аматриче е градче во провинцијата Риети, во италијанската покраина Лацио. Се простира на 174 килметри квадратни и по извешатите од 2011 година има околу 1.000 жители, за чија судбина од синоќа малку се знае.
Градоначалникот на Аматриче рекол за државното радио РАИ и станицата Скај ТГ24 дека жителите се затрупани под срушените згради, дека нема струја и дека е потребна тешка опрема за од улиците да се отстранат урнатините.
-Овде веќе нема град- рекол тој.
Канцеларијата на премиеорт Матео Ренци соопшти дека тешка опрема е веќе пратена.
Истото подрачје во 2009 година го погоди земјотрес со магнитуда од 6,3, а загинаа повеќе од 300 луѓе. Еден поранешен земјотрес ја погоди областа Лаквила во централна Италија, 90 километри јужно од најновниот земјотерс. Во таа област 1997 година, за време на земјотресот загинаа десетина луѓе и тешко беше оштетен еден од бисерите на Умбрија, базиликата на Свети Фрањо Асички, со бесценети фрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.