| четврток, 6 декември 2018 |

Пари за алишта и конфискација на цел имот за прељуба: Погледнете што има во предбрачните договори на холивудските ѕвезди

naslovna

Според бројот на кратки бракови и разводи во Холивуд, не чуди тоа што славните парови се почесто се одлучуваат да се осигураат до последен детал пред да стапат во брак со предбрачен договор.

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк

a22dd6db984bafeb9ee8

Пред нивната венчавка се шпекулираше дека во предбрачниот договор стои дека Џесика мора да добиe пола милион долари во случај пејачот да ја изневери. Причината за ова било тоа што на почетокот на нивната врска тој веќе ја изневерил со актерката Оливија Мун.

Клои Кардашијан и Ламар Одом

Koli i lamar

Ријалити ѕвездата во својот предбрачен договор имала бројни барања. Помеѓу нив, во случај на развод барала од Одом по пола милион долари за секоја година мината во брак, а имала загарантирани и 5 000 долари месечно само за за алишта, илјада за козметички продукти и карти за натпреварите на Лејкерси за целото нејзино семејство.

Никол Кидман и Кит Урбан

kit urban i nikol

Кантри пејачот со години се бореше со неговата зависност од кокаин, а пред свадбата со Кидман таблоидите пишуваа дека во нивниот предбрачен договор имало точка која предвидувала дека бракот се поништува доколку пејачот повторно застрани со дрогата. Во првите 4 месеци од нивниот брак, тој по трет пат во својот живот се пријавил во клиника за одвикнување.

Чарли Шин и Брук Милер

carli sin

Нивниот договор имал цели 60 страници и бил преполн со луди барања. Брук заработила пола милион долари само затоа што му рекла “Да” на Чaрли. Исто така за секоја година од бракот таа добивала по 300 000 долари.

Бен Афлек и Џенифер Лопез

aflek lopez

Нивниот предбрачен договор наводно бил еден од најлудите во Холивуд. Пејачката во него ставила клаузула за прељуба во која стоело дека доколку ја изневери, на неа ќе и припадне целиот негов имот. Актерот пак барал сексот да му биде загарантиран 4 пати неделно. Бен исто така требало да добие 5 милиони долари само затоа што ќе и каже “Да” на Џенифер. На крајот, славниот пaр сепак ја раскина свршувачката по двегодишната врска.

Елин Нордегерн и Тајгер Вудс

tajger vuds

Во случајот на шведската манекенка, предбрачниот договор и тоа како и се исплатеше. Професионалниот голфер ја изневерил со десетици жени до 2009 година кога таа побара развод. Таа од бракот со Вудс излезе потешка за 10 милиони долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top