На патот Охрид – Кичево, кај село Требеништа, попладнево се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл и камион.
Моторциклот од Скопје се движел во правец кон Охрид, а тешкото товарно возило „Сканија“, од Охрид кон Кичево. Моторциклот завршил под камионот.
Во моментот увид на местото вршат јавен обвинител и полицијата, а сообраќајот е блокиран. МВР потврди дека загинал возачот на моторциклот, но неговиот идентитет не е соопштен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.