Капитенот на фудбалската репрезентација на Бразил, Нејмар доби продолжено отсуство од својот клуб, Барселона, по постигнатиот успех (златен медал) со „кариоките“ на Олимписките игри што се одржаа во неговата родна земја.
Тренерот на каталонскиот тим, Луис Енрике му дозволи на Нејмар да остане во татковината до 8 септември и да го искористи слободното време да ги закрепи духот и телото.
Бразилецот ја напушти Барселона на 23 мај откако Барса го прослави освојувањето на трофејот во финалето на Купот. Следниот ден Нејмар го започна одморот на Ибица, а потоа го продолжи во Лас Вегас и во Њујорк.
Додека одмораше, Нејмар го продолжи договорот со Барса до 2021 година, а потоа ги започна подготовките со бразилската репрезентација за Олимписките игри во Рио.
Кога вкупно ќе се собере, со оглед на тоа дека Луис Енрике му дозволи на Бразилецот да го продолжи одморот во родната земја, Нејмар ќе отсуствува од Барселона цели 107 дена, што е речиси една третина од календарска година.
Барса успешно ја започна новата сезона со освојување на шпанскиот Суперкуп и убедлив триумф над Бетис (6-2) во првото коло во Примера дивизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.