| четврток, 6 декември 2018 |

Фрлете се на гласање: Кајмакоски номиниран за најдобар пејач во светот

Доделувањето на музичките награди „Даф Бама“ ќе се одржи во сабота, 27-ми август во Баркликард Арена во Хамбург, Германија. Даниел Кајмакоски е поканет да настапи како претставник на Македонија и е номиниран за најдобар машки изведувач, како и за наградата од публиката за најдобар изведувач.

На оваа значајна мултикултурна музичка манифестација ќе бидат наградени најуспешните музички имиња од Балканот, Медитеранот, Кавказ, Јужна Азија, Централна Азија, Африка и Блискиот Исток.

Покрај регионалните награди за најуспешните, ќе бидат доделени и награди во 8 категории: најдобра песна, албум, видео, соработка, машки и женски изведувач, изведувач и дебитант.

Кајмакоски е номиниран за најдобар машки изведувач заедно со 7 врвни имиња: Алехандро Санз, Тицијано Феро, Мохит Чаухан, Ксавиер Наиду, Тамер Хосни, Дино Мерлин и Фархад Дарја.

Публиката може да гласа ТУКА

На овој голем музички настан, чија идеја е да се зближат различните култури и музика, ќе настапат голем дел од номинираните ѕвезди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top