| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија ќе воведе кризен данок

Словенечката Влада утре ќе донесе одлука за воведување на т.н. кризен данок со цел да ги стабилизира јавните финансии и да го намали буџетскиот дефицит.

Се работи за данок кој би се плаќал на сите бруто приходи, што ја надминуваат минималната плата, со прогресивна стапка од 0,5 %  до 5% зависно од висината на приходите. Тоа се однесува и на платите, но и на сите дополнителни примања и финансиски надоместоци. Кризниот данок нема да се плаќа на пензиите, но пензионерите ќе ги изгубат привилегиите за еднократен годишен додаток за одмор и рекреација.

Владата планира плаќањето на кризниот данок да почне да се применува од јуни и потенцира дека се работи за привремена мерка со која во државниот буџет за една и пол година, колку што би се применувал, би се собрале околу 450 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top