Шестотини и педесет семејства од поплавените подрачја приматели на парични надоместоци за права од областа на социјалната и детската заштита ги добија надоместоците со 50 процентно зголемување, како дел од пакетот мерки за помош на загрозените граѓани, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Појасни дека надоместоците со 50-процентното зголемување се исплатени за 650 семејства приматели на социјална парична помош, постојана парична помош, надоместок за помош и нега од трето лице, за мобилност, за слепило и глувост, како и надоместоците што ги добиваат родителите на децата со пречки во развој, односно корисниците на посебен додаток.
Ова зголемување на паричните надоместоци од областа на социјалната и детската заштита ќе се исплаќа во наредните три месеци, а како што рече Спасов одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, било предвидено во пактетот мерки за помош на населението од поплавените подрачја.
Зголемените надоместоци за овој месец биле исплатени во текот на вчерашниот ден, а, како што појасни министерот, за тоа биде обезбедени дополнителни средства од буџетот во висина од околу пет милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст