| четврток, 6 декември 2018 |

Осумгодишно момче убиено од граната фрлена во стан

Осумгодишно момче е убиено во Шведска откако граната била фрлена низ прозорецот во станот каде што престојувало детето.

Момчето спиело на тросед во дневната соба кога бил извршен нападот. Детето било итно префрлено во болница, но набргу починало.

dete133

Осумгодишниот Јусуф Варсаме, кој е од сомалиско потекло и постојано живее во Бирмингам во Велика Британија, бил дојден во посета на семејството во Шведска, заедно со родителите.

Во моментот на експлозијата, во собата се наоѓале уште пет други деца, како и неговата мајка и сестра, но сите поминале со полесни повреди.

Инцидентот се случил во Гетеборг. Полицијата отвори истрага за убството, но засега не се знае мотивот за нападот.

Претставник на полицијата за весникот „Гетеборг постен“ изјавил дека властите се сомневаат оти нападот е поврзан со еден шеф на локалното кримнално подземје.

Еден лице, осудено за убиство, извршено од пред година и половина, живеело на таа адреса.

Во март 2015 година, во напад на еден локален паб, вооружени напаѓачи застрелале човек, кој ѝ бил познат на полицијата, но во овој напад настрадал и невин посетител на кафеаната. Овој напад бил извршен како одмазда и е дел од пресметката во рамките на сомалиската етничка заедница во Гетеборг.

Овој месец, осум лица беа осудени во врска со ланскиот инцидент на казни од седум години до доживотен затвор.

Според „Гетеборг постен“ ова убиство претставува кулминација на пресметката на локалните банди околу шверцувањето и распределбата на дрогата. Шведска има релативно низок степен на криминал, но насилство има во приградските, сиромашни квартови и населби, во Стокхолм, Гетеборг и во Малме, каде што обично живеат и припадници на разни мигрантски заедници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top