Оние кои живеат на село или имаат контакт со село веројатно уште веднаш можат да препознаат дали јацето е домашно илиорганско или е фармерско.
Секако, домашните кокошки се разликуваат од фармерските, а во исхраната на домашните кокошки не се користи концентрат со хемиски компоненти ниту хормони кои го забрзуваат растот на кокошките и ја зголемуваат нивната продуктивност.
Жолчките на органските јајца, главно, се многу поцврсти и со потемна боја (првата жолчка на сликата), па така и храната која е приготвена со домашни јајца (пита, зелник, гибаница, проја, колачи) имаат силножолта боја. Но органската жолчка, онаа на кокошка од село, може да биде и посветло, зашто бојата на жолчката зависи од храната на кокошката.
Ако кокошката се храни со пченка и шета во двор, веројатно е жолчката од нејзиното јајце да е потемна, но ако се храни со пченка и не шета, жолчката ќе биде посветла.
Без обѕир на бојата, домашните јајца се богати со бетакаротен и со омега 3 масни киселини, а имаат и поголемо количество витамини А, Б и Е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.