| четврток, 6 декември 2018 |

Сите мислеа дека е невина, но судот ја казни: Прифатила „тројка“, па обвинила двајца мажи дека ја силувале

Германскиот суд ја казнил манекенката и старлета Гина-Лису Лохфинк со 20.000 евра, бидејќи утврдил дека е виновна за лажни обвиненија за силување на судењето кое поттикнало барања за поостри закони за силување.

67306015_1464715407

Процесот се однесува на инцидент од 2012. година, кога Лохфинк имала сексуален однос со двајца мажи. Видеото на кое можело да се слушне како вика “не, не, не”, завршило на интернет.

Судот ги осудил двајцата мажи поради видео снимката, но ги ослободил по обвиненијата за силување. Лохфинк е казнета за лажни обвиненија, но одбила да ја плати казната, па дошло до ново судење.
Судот од Берлин пресудил дека Лохфинк свесно изнела лажна изјава и дека прифатила сексуален однос, но дека била против тоа да биде снимен, пренела агенцијата ДПА.

Гина-Лису Лохфинк е германска моделка,ТВ презентерка, актерка и учесничка во неколку германски реални шоуа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top