| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Свети Лаврентиј: Ако вечерва го видите ова, ќе ви се исполни секоја желба

Денеска е Св. маченик и архиѓакон Лаврентиј.

Времето на маченичката смрт на архиѓаконот на Римската црква Лаврентиј е годината 258. Во овој период христијаните во градот Рим се гонети особено жестоко, посебно епископите. Во текот на жестоките прогони во тоа време беше затворен и Лаврентиј. Во затворот се сретна со некој долгогодишен затвореник Лукилиј, го исцели од слепило и го крсти. А кога управникот на затворот Иполит дозна за ова и самиот поверува во Богот на Лаврентиј. Лаврентиј и во затворот никако не попушташе во исповедањето на Христа. Дури и императорот го прекори за неговата празна вера во идолите и го уверуваше дека христијанскиот Бог е единствениот жив Бог. Лаврентиј беше ставен на тешки маки, на кои најпосле им подлегна. Неговите мошти ги зеде Иполит и ги погреба во една пештера. Три дена подоцна како христијанин беше погубен и управникот на затворот Иполит.

Според обичаите, ова е ден за шега и треба да се смеете и шегувате што е можно повеќе. Постои уште еден интересен обичај поврзан со овој ден. Со оглед на тоа дека денот на овој маченик е во август, ден во кој има дожд од метеори, се зборувало дека тоа се,  всушност, солзите на Лаврентиј. Кој и да види вечерва ѕвезда која паѓа, треба да замисли желба и истата сигурно ќе му се исполни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top