Почна авансното обесштетување на семејствата од поплавените подрачја. Вкупно 2.154 лица, кои беа опфатени во евиденцијата на Комисијата за проценка на штетите, во скопскиот и во тетовскиот регион можат да ги подигнат парите на шалтерите на банките со документи за идентификација – лична карта или пасош.
Министерството за финансии вчера ги префрлило парите на посебните наменски сметки во деловните банки.
– Исплатата ќе продолжи и во наредниот временски период, согласно податоците кои ќе ни бидат доставувани од Комисијата за надомест на штети. Се работи за префрлање средства на 2.154 граѓани – изјави вчера министерот за финансии Кирил Миноски.
Секое семејство треба да добие надомест од 500 евра, кои им се неопходни за почетно санирање на штетите. Аванс ќе им биде исплатен и на другите поплавени семејства.
Како тимовите за проценка на штети завршуваат со работа во домовите, така и граѓаните телефонски ги пријавуваат своите сметки во деловните банки на кои треба да им се префрлат парите од авансното обесштетување. Пријавувањето се врши на четири фиксни телефонски линии и на е-поштата на Министерството за финансии и со СМС со име и презиме и име на банката на мобилниот број 070/271-410.
Откако тимовите за проценка на штети ќе завршат целосно со работата, ќе следува исплатата на штетата, при што износот на авансното обесштетување ќе биде одбиен од целата сума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи
-
Две години од поплавите во кои загинаа 22 лица: Никогаш да не ни се повтори!


