Првите долгорочни прогнози покажуваат дека есента ќе ни биде топла и сува, и дека ќе личи на продолжено лето.
Еден од признатите метеоролошки сервиси Акуведер ги објави предвидувањата дека цела Јужна Европа може да се надева на сува и топла есен.
Според прогнозата на овој сајт, топлата есен ќе настапи како последица на антициклонот кој претежно ќе ја зафати областа на Средоземното море. Високиот воздушен притисок ќе ги ограничува можните непогоди и невремиња на северот на регионот, па така жителите на јужните делови на Европа ќе уживаат во михољското лето за време на целата есен.
Есента која повеќе ќе личи на доцно лето, ќе го зафати поголемиот дел од Европа, а натпросечното топло време би можело да потрае се до средината на октомври, кога температирите ќе станат просечни за тоа годишно време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.