| четврток, 6 декември 2018 |

Напад во словенечка болница, има и жртви

napad

Двајца луѓе  се убиени денеска, а двајца се тешко повредени при напад во општа болница во Изола во Словенија.

Во инцидентот кој се случи околу 15 часот, убиени се еден полицаец и напаѓачот, а друг полицаец е во критична состојба.

Словенечките медиуми пишуваат дека напаѓачот пукал во двајца полицајци и еден лекар и дека потоа го убила полицијата.

„Јутарњи лист“ наведува дека сведок раскажал дека се слушнале истрели на пет куршуми.

Напаѓачот прво пукал во чекалната на очното одделение во болницата, а наводно прво бил застрелан лекарот-уролог. Во чекалницата настанала паника, а напаѓачот се обидел да побегне. Сведок на настанот тврди дека полицијата го застрелала напаѓачот кога влегол во своето возило во обид да побегне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top