| четврток, 6 декември 2018 |

МВР сѐ уште го обезбедува скопскиот регион зафатен од поплавите

poplavi-policija

Во периодот од 20 до 22 август СВР Скопје продолжи со преземање мерки и активности за физичко и сообраќајно обезбедување на скопскиот регион, општина Гази Баба, со селата Синѓелиќ, Стајковци, Црешево, Смилковци и Арачиново, со цел справување со последиците од елементарната непогода која го зафати Скопје и неговата околина.

Притоа, соопшти денеска МВР, се преземаа мерки и активности за справување со елемeнтарната непогода, санирање на штетите и соодветен проток на сообраќајот во кризното подрачје.

Од страна на СВР Скопје се ангажирани 72 полициски службеник и 40 службени возила распоредени во седум сектори. Од страна на ЕУМНА при СВР Скопје, фотографирани се вкупно 14 ПМВ.

Сообраќајно обезбедување со пренасочување е извршено на подрачјето на општина Гази Баба, односно на потегот од клучка Арачиново до населба Синѓелиќ, раскрсница со ул. Методија Андонов Ченто, ул. Алија Авдовиќ, ул. Радован Ковачевиќ и од крстосницата со ул. Методија Андонов Ченто, ул. Алија Авдовиќ и ул. Радован Ковачевиќ кон село Стајковци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top