| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на возачот кој избега по страшната сообраќајка на крстосницата помеѓу „Илинденска“ и „Аминта Трети“

Страшна сообраќајна несреќа се случила вчера во 04 часот и 20 минути во Скопје, на крстосницата од булеварите „Илинден“ и „Аминта 3-ти“, помеѓу возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Ф.Л. од Скопје и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 45-годишниот С.Д. од Скопје.

По незгодата Ф.Л. го оставил возилото и го напуштил местото на несреќата.

Со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од возилото „БМВ“, М.Ц. (23) и С.А. (25), двете од Скопје , кои по укажаната лекарска помош се задржани на понатамошно лекување во Ургентен центар-Скопје. Со телесни повреди се здобиле сопатничките С.Ц.(23) од Скопје и И.Р. (18) од Трубарево, Скопско, кои по укажаната лекарска помош се задржани на понатамошно лекување во Ургентен центар – Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.

Ф.Л. бил пронајден и во 06 часот и 30 минути е пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде што му се констатирани телесни повреди, по што му било предложено да остане на болничко лекување, но истиот одбил да биде хоспитализиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top