Поради дефекти и интервенции утре без вода ќе биде скопската црква „Свети Димитрија“, Муејот на Холокаустот, дирекцијата на Комерцијална банка и објектите близу нив, меѓу кои и познатата „Ибни Пајко“. Засегнат од недостиг ќе биде и хотелот „Стоун Бриџ’.
Прекинот во снабдувањето со вода, велат од ЈП Водовод и Канализација, е поради уличен дефект на водоводна цевка.
Вода ќе нема од 9 часот до завршувањето на поправката.
Исто така, утре, поради дефект во пумпната станица „Припор“, од 9 часот до завршувањето на интервенцијата за негова поправка, без вода ќе бидат жителите на високите зони во населбите Аеродром и Ново Лисиче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.