| четврток, 6 декември 2018 |

Кој потроши повеќе за изборна кампања, Трамп или Клинтон?

Кандидатот за претседател на САД од демократите Хилари Клинтон потрошила за својата предизборна кампања во јули 49 милиони долари, а нејзиниот ривал – републиканецот Доналд Трамп – 18,4 милиони долари, пишува „Вашингтон пост“

Според изданието причината за толку голема разлика во трошоците на двајцата кандидати се емитирани од поранешниот државен секретар за телевизиски реклами и настапи, од кои Трамп се воздржа. Во минатиот месец Клинтон одвои вкупно 26 милиони долари за телевизиски и интернет реклами. Таа платила и 5 милиони долари на 705 соработници кои работат со неа за време на кампањата, како и 2 милиони долари за патувања низ земјата.

Трамп од своја страна има поставено месечен рекорд во трошоци, и ги зголемил двојно трошоците кои се направени во мај и јуни. Сепак 18,4 милиони долари за неговата кампања во седмиот месец од годината се далеку поскромни во големина од оние на неговиот конкурент Хилари Клинтон.

Впечаток остава дека околу половина од месечните трошоци на Трамп, или 8,4 милиони долари, се насочени само за една компанија – Giles-Parscale кои се занимаваат со веб дизајн. Претседателот на компанијата – Бред Парскеил, е директор на дигиталната кампања на кандидатот на републиканците.

Патувањата на Доналд Трамп во јули чинеле 3,2 милиони долари, а 1,8 милиони долари се одвоени за малопродажба. Од почетокот на кампањата во близина 7,7 милиони долари се исплатени на компании на Трамп или членовите на неговото семејство.

Од почетокот на претседателската трка Трамп потрошил 89,5 милиони долари, а Клинтон речиси 319 милиони долари. За разлика од неа, Трамп ги ограничува вообичаените трошоци за време на кампањи и се залага повеќе на социјалните мрежи и медиумското покривање за време на најгласните демонстрации, посочува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top