Хилари Клинтон избрала помошничката која што работела за радикален муслимански весник пишува американскиот весник Њујорк Пост за Хума Абедин главната асистентка на кандидатката на Демократската партија на ноемвриските претседателски избори во САД.
-Главниот асистент на предизборната кампања на Хилари Клинтон, жена која може да стане идниот шеф на кабинетот на Белата куќа на првата жена претседател на САД, во период од десет години работела како уредник на радикален муслимански весник, кој се противи на правата на жените и ги обвинува САД за терористичките напади од 11-ти септември- пишува њујоршкиот весник и забележува дека повеќето од извршителите на тие напади беа саудиски државјани.
Според податоците на весникот , Абедин работела како помошник на уредник во саудискиот весник „Journal of Muslim Minority Affairs“, каде што главен уредник е нејзината мајка.
Весникот забележува и дека насловот на една од нејзините статии „Правата на жените – исламски права“, објавена во 1996 година, потсетува на изјавата на Клинтон за време на конференцијата на ОН за положбата на жените во светот, која се одржа во 1995 година во Пекинг- „Правата на жените – се човекови права“. Во својот напис Абедин, особено, инсистира дека „самохраните мајки, вработените мајки и истополовите двојки со деца не треба да се сметаат за семејства“, наведува Њујорк Пост.
Кога станува збор за обвиненијата на САД за терористичките напади од 2001 година, мајката на Абедин се изјаснува дека „САД биле осудени на терористичкиот напад од 11-ти септември поради тоа што воспоставија санкции против Ирак, и поради другите неправди, наводно натоварени на муслиманскиот свет“, пишува уште американскиот весник кој забележува дека статиите во тој десетгодишен период биле исполнети со омраза.
Њујорк Пост забележува дека споменатиот весник во кој работела помошничката на Клинтон ја промовира строгата интерпретација на исламскиот шеријатски законик, која повикува на обезглавување како казна, бара жените целосно да ги покриваат своите тела и лица и се залага за смрт на „неверниците“ во сопствена интерпретација на терминот.
-Сметам дека нејзиното име,единствено, било ставено во импресумот на весникот во тој период. Таа не играла никаква улога во уредувањето на весникот – изјави портпаролот на Клинтон, Ник Мерил само неколку часа откако весникот ја објави бомбастичната сторија.
Мерил тврди дека Абедин само фигурирала и не била вработена во весникот Journal of Minority Muslim Affairs чиешто седиште е во Саудиска Арабија.
Дипломираната на журналистика на Џорџ Вашингтон Универзитетот, 40-годишната Абедин, била претставена како „помошник уредник“ во изданието во периодот од 1996 до 2008 година, кога нејзиното име е отстрането од импресумот и таа работела за Хилари Клинтон во Стејт департментот.
Нејзиниот брат е наведен како уредник соработник, како и сестрата која е вработена како помошник уредник. Мајката на Абедин, Салеха Махмуд Абедин којашто по потекло е од Пакистан, и натаму е главен и одговорен уредник на весникот.
Од NYP истакнуваат дека портпаролот на Клинтон во неколку наврати одбил да одговори на прашањето дали Абедин била платена за време на нејзиниот ангажман во весникот.
Мерил, исто така, одбил да каже дали Хилари Клинтон, која заштитата на правата на жените го направи еден од централните делови на својата кампања, имала сознанија за позицијата на нејзината долгогодишна соработничка во изданието или за нејзините екстремистички ставови.
Њујоршкиот весник вели дека двете биле многу блиски уште од 1996 година, кога Абедин честопати во американските медиуми била опишувана како „втората ќерка“ на Клинтонови, кога таа била практикант во Белата куќа доделена на тогашната прва дама на САД.
Оттогаш Абедин работела за Клинтон и на нејзината кампања за Сенатот, како и за Фондацијата Клинтон, а сега е потпретседателка на можниот претседателски кабинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.