Македонскиот шампион МЗТ Скопје ќе мора да игра еден натпревар без публика на стартот од плејофот за титулата, и да плати парична казна од 59.000 денари поради испадот на навивачите на натпреварот против Работнички.
Казните се за неспортско навивање на симпатизерите на МЗТ Скопје. За фрлање тврди предмети, со кои е повреден еден играч на гостинската екипа (Крстевски), за палење факели и фрлање на терен, за неспортско однесување и за неисправни технички инструменти, акумулирано, шампионот ќе плати околу илјада евра.
Вкупна парична казна од 15 илјади денари заработи и КК Куманово за националистичко навивање и фрлање тврди предмети од страна на навивачите, на натпреварот против Лирија,а кошаркарот на гостите, Радуновиќ доби парична казна од 16.000 денари за досудена техничка грешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.