| четврток, 6 декември 2018 |

Цела ноќ се трагаше по момчето со сината маица и црвената „хонда“: Коста С. пронајден мртов кај Демир Капија

Починато лице утрово околу 5:40 часот е пронајдено на патниот правец Демир Капија – Неготино, во близина на местото Прждевски споменик, потврдуваат од МВР додавајќи дека увидот е во текот.

Неофицијално станува збор за 25-годишниот К. С. од Кавадарци, кој вчера бил пријавен за исчезнат.

На социјалните мрежи вчера се споделуваше информацијата за неговото исчезнување. Според пишувањата, тој последен пат бил виден на собир со мотори, од каде што заминал со мотор „хонда“, по што му се губи трагата. Негови пријатели и блиски се организирале и го пребарувале теренот речиси 10 часа, по што момчето било пронајдено починато.

Од полицијата информираат дека повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на увидот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top