Граѓаните од поплавените подрачја и денеска може да ги пријават во Министерството за финансии деловните банки во кои сакаат да им биде исплатен авансот. Тоа може да го сторат од 8:30 до 19 часот на телефонските броеви 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743, 02/3255-742, како и со испраќање СМСсо име и презиме и име на банка до надлежните во Министерството за финансии на 070 271 410.
Од Министерството за финансии посочуваат дека сите лица што беа евидентирани од Комисијата за процена на штетите во подрачјата зафатени од поплавите во скопскиот и во Ттетовскиот регион ќе бидат опфатени со авансната исплата на средства во согласност со динамиката со којашто податоците стигнуваат во Министерството за финансии.
Пријавувањето започна во саботата и во изминатите два дена голем број лица ги имаат доставено податоците за банките, а се прибираат исклучиво за лицата кои се наоѓаат на списокот што е доставен од страна на Комисијата за проценка на штета.
Податоците и телефонски број за контакт, граѓаните можат да ги достават и на следната е-пошта: finance@finance.gov.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.