| четврток, 6 декември 2018 |

ЛОИ кошарка: Американците предоминантни, Србија декласирана во финалето

usa-basketball-rio2016

Кошаркарската репрезентација на САД стигна до третото олимписко злато по ред, победувајќи ја репрезентацијата на Србија во финалето со убедливи 96-66, со што уште еднаш ја покажаа нивната доминација во овој спорт.

Американските НБА ѕвезди пристапија сериозно на паркетот уште од самиот почеток, што резултираше со 23 разлика предност уште на полувремето (52-29).

usa-durant-rio2016

Избраниците на Александар Ѓорѓевиќ во втората четвртина постигнаа сао 14 поени, а примија 33. Кевин Дурант во првото полувреме постигна 24 поени, а натпреварот го заврши како најдобар стрелец со 30 постигнати поени.

usa-karmelo-rio2016

Со овој триумф Кармело Ентони стана најтрофејниот американски кошаркар на олимпијадите. Кармело како дебитант освои бронза на ОИ во Атина 2004 година, каде Американците последен пат беа поразени на олимпијадите (од Аргентина во полуфиналето), а потоа освои три златни медали по ред, во Пекинг 2008, Лондон 2012 и сега во Рио 2016 година. Вечерва постигна 7 поени.

Американските кошаркари стигнаа до 15. олимписко злато со победа од 30 разлика, а покрај Дурант, најефикасни беа Казинс со 13 и Томпсон со 12 поени. Кај Србите двоцифрен број на поени постигнаа само Недовиќ (14) и Мачван (11).

Бронзениот медал и третото место го освои репрезентацијата на Шпанија по неизвесниот натпревар против Австралија, победувајќи со минимални 89-88.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top