Бразилците го освоија златниот медал во финалето во одбојка на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
„Кариоките“ вечерва по голема борба ја победија Италија со 3-0 во сетови (25:22, 28:26 и 26:24).
Златото на Бразил донесе огромна радост кај домашните навивачи, а мечот го следеше и капитенот на фудбалската репрезентација Нејмар, кој синоќа ги предводеше Бразилците до првото олимписко злато.
Бронзениот медал и третото место на одбојкарскиот олимписки турнир им припадна на САД, кои во малото финале ја победија Русија со 3-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.