| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Аркан нуди 4 милиони евра за убиство на Цеца: Плаќам да ја убијат Цеца и да ѝ ископаат гроб!

Михајло Ражнатовиќ, еден од синовите на починатиот Жељко Ражнатовиќ Аркан објави скандалозен статус на Фејсбук во кој повикува на убиство на маќеата Светлана Ражнатовиќ Цеца.

Имено, Михајло во статусот кој вчера го постави а потоа го избриша од Фејсбук нуди 4 милиони евра за убиство на Цеца и дополнителни два за оној кој неговиот полубрат Воин од Америка ќе го доведе во Србија, за да и го ископа гробот на маќеата.

Инаку, поводот за караницата меѓу Михајло и Цеца беше едно интервју на синот на Аркан, на што одговори Цеца на својот профил на Инстраграм. Но, откако Цеца изрази сомневање дека профилот на Фејсбук на Михајло е лажен, тој не застана тука, па објави уште еден статус.

SwQktkpTURBXy9iZWQzMWZkYjJkYjczZmNhNTRlMzgwNWY3ZGIxMTI1MC5wbmeTlQLNAxQAwsOVAs0B1gDCw5UH2TIvcHVsc2Ntcy9NREFfLzFkNzRjYjQxNzA1OTUwNDM2NjI5Y2FiZDYwNmY1MGY2LnBuZwfCAA

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top