| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Гог и Ареа свиреа во Крива Паланка – Одржан фестивалот „Џојфест“

jojfest

Многубројната публика од сите краеви на земјава синоќа уживаше на рок­спектаклот „Џојфест“ на плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка. Петтото јубилејно издание на „Џојфест“, посветено на настраданите во поплавите во Скопје на програмата понуди одлична рок­музика за сите генерации.

Главни ѕвезди беа „Ареа“ и алтернативниот рок­состав „Ван Гог“ од Србија, а настапија и локалните рок­бендови „Машина“, „Стоп“ и „РГБ“. Водител на фестивалот беше Гораст Цветковски. Од организацискиот одбор истакнаа дека се презадоволни од посетеноста. ­

– Пред фестивалот имавме силна промотивна кампања, одѕивот на љубителите на рок од регионот и соседните држави е огромен, што не прави особено горди. Упативме и апел публиката да ја покаже својата хуманост. Посетителите донираа на пунктовите поставени од Црвен крст, а собраните средства се наменети за поплавените подрачја од Скопје и Тетово, изјави синоќа Александар Михајловски, уметнички директор на „Џојфест“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top