| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоуби 16-годишно девојче од Струшко

Пиејќи поголемо количество на таблети, синоќа шеснаесетгодишно девојче од Струшкото село Делогожда си го одзело животот.

Како што информираат од СВР Охрид, Фатлинда М. била донесена во Општата болница во Струга без знаци на живот, по што била констатирана и нејзината смрт.

Фатлинда била ученичка во средношколскиот центар „Ибрахим Темо“ во Струга. По вчерашното враќање од училиште, се затворила во својата соба и испила поголемо количество различни видови таблети. Нејзините блиски ја затекнале во лоша здравствена состојба и веднаш се упатиле да бараат лекарска помош, но девојчето починало на пат кон болница.

Полицијата соопшти дека врз нејзиното тело не се пронајдени траги на насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top