По поразот од Србија во финалето на ватерполо турнирот на Олимписките игри во Рио, Ивица Туцак пришол до својот колега Дејан Савиќ за да му честита на освојувањето на златниот медал.
Хрватскиот тренер го прегрнал српскиот, а неговиот потег балканските медиуми го опишаат како “најубавата сцена од финалето” и “победа на спортот”.
– Треба да се биде човек и спортист и да се признае дека Србија беше подобра од нас, заклучил Туцак по завршувањето на натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.