| четврток, 6 декември 2018 |

Тага во манастирот Острог: Човек почина среде литургија

Рускиот државјанин Јуриј Николајевиќ Камнев од Москва (59), присуствуваше на литургија која ја служеше митрополит црногорско приморски Амфилохије, пред манастирот Острог, каде изненадно паднал пред да дојде редот за да се поклони на Свети Василиј Острошки.

Несреќниот човек починал,а владиката Амфилохије веднаш на лице место одржал мал помен и кратка беседа.

Сите луѓе кои присуствуваале таму вистински ги потресла оваа глетка, на местото веднаш била повикана полиција и брза помош, меѓутоа се што можеле да направат е да констатираат смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top