| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасот на Сирија: За момчето зборуваат сите, но за ова девојче…

Потресната фотографија од повреденото дете од сирискиот град Алепо го обиколи целиот свет, меѓутоа за сличната фотографија од девојчето од истиот град речиси и никој да не пишува. Зошто?

Одговорот на ова прашање е тоа што Омран живее во источниот дел на градот Алепо, а девојчето по име Рим живее во западниот дел на градот.
druga-strana-na-alepo-02

Нејзината фотографија ја објавил сириски новинар од Алепо, кој вели дека за неа не пишувал никој.

Тој укажува на тоа дека западните медиуми пишуваат за жртвите во источно Алепо, кое е под контрола на бунтовниците, а не пишуваат за жртвите во западниот дел на градот, кои ги контролира сириската војска и претседателот Башар ал Асад.

druga-strana-na-alepo-01

Омран се најде под рушевини во бомбардирањето кое го извршиле сириските или руските воени сили, а девојчето Рим во нападот на бунтовниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top