Нашиот Томи Стефановски е победник на јубилејниот 30-ти Меѓународен пливачки маратон што се одржа денеска на Охридското Езеро. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:55:18:97 часа.
– Ова е неверојатно. Ова е еден од најубавите моменти во мојата пливачка кариера. Многу сум задоволен и среќен бидејќи Охридскиот маратон е мојот омилен маратон, маратон кој што има голема репутација во светот, изјави Стефановски откако од претседателот Ѓорѓе Иванов беше закитен со ловоров венец по пристигнувањето на целта.
Второто место му припадна на Едуардо Стокино од Италија, а третопласиран на охридскиот маратон е Матеус Евангелиста од Бразил.
Останатите двајца македонски пливачи, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски завршија на деветто место за 6:02:58:83 часа и на седмото место со време од 5:59:07:15 часа.
Првото место во женска конкуренција и припадна на Козидуб Олга со време од 5:55:35:72 часа, второ место е Кулик Дариа со време од 5:58:23:25 часа, додека пак трета во женска конкуренција е Рубарова Силвие со време од 6:04:35:50 часа.
Од македонската пливачка федерација велат дека се особено горди што на маратонот победи Македонец.
-Ова беше одлична трка и особено сум горд што победи македонски маратонец, Томи Стефановски кој ќе остане запаметен во историјата на маратонското пливање во Македонија како победник на оваа престижна спортска манифестација. И покрај тоа што во исто време се одржува Олимпијадата во Рио и токму оваа недела се одржаа десеткилометарските маратони, сепак во Охрид дојдоа навистина одлични маратонци. Бројката од 18 пријавени не е онаква на каква што бевме навикнати изминатите 10-на години, но тоа воопшто не ја намали силината на маратонот. Сите пливачи што пливаа денеска се дел од ФИНА светската серија неколку години по ред. Инаку би сакал да го споделам со вас фактот дека Светската пливачка федерација секоја година со највисоки оценки го оценува Охридскиот маратон и му дава посебно место во календарот на маратонски трки. Охридскиот пливачки маратон континуирано се одржува од 1992 година, а првиот официјален маратон во Охрид се одржа во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 километри. Инаку, Пливачката Федерација на Македонија размислува за организирање на 10 километарски маратон во Охридското Езеро но за тоа понатаму ќе ги дадеме деталите, изјави Јане Карајованов, техничкиот делегат на Македонската пливачка федерација.
Томи Стефановски, покрај паричната награда, добива и 15 бода на своето конто на ФИНА светската серија.
Како и минатите години, Охридскиот пливачки маратон е претпоследен во гранпри-серијата која оваа година содржи три трки. Последниот маратон е познатиот маратон Капри-Неапол, Италија, на 4 септември. Рекордот на маратонот во Охрид му припаѓа на Аксел Рејмонд, постигнат пред две години кога, тогаш 19-годишниот француски маратонец, патеката ја исплива за 5:09:54(95) часа.
Наградниот фонд на маратонот во Охрид изнесува десет илјади долари. Организатор е Пливачката Федерација на РМ, со поддршка на Општина Охрид, Агенција за Млади и Спорт и Капетанијата на пристаништата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст