Александар Митиќ (31), возач од Чикаго загина во средата вечер во тешка сообраќајна несреќа во околината на Лесковац, на пат кон селото Живково.
До сообраќајната несреќа дошло кога Александар, кој бил на мотор „кавасаки“, при свртување на спореден пат, во него удрил голф со кој управувал Н.С. (55) од околината на Лесковац, инаку со привремена работа во Швајцарија. Александар при сударот одлетал неколку метри и загинал на самото место.
Одмор во Србија
Во дворот од семејната куќа на Митиќ во село Мрштани кај Лесковац лелек, тага и неверување.
-Со Ацо сум четири години во Чикаго. Заедно дојдовме да го поминеме одморот со своите. Јас сум кај моите во Ниш, а тој тука кај своите во Мрштане. Работиме иста работа, возиме камион. Бевме неразделни. Вчера цел ден бевме заедно, завршувавме некои обврски пред да се вратиме во Чикаго. После со пријателите бевме во Аква паркот во Дољевац, вели пријателот на Ацо, Даниел од Ниш и додава дека Ацо бил олицетворение на добрина. Им помагал на сите, и тука и во Америка.
Возачот на голфот е уапсен по сообраќајката, и му е одреден притвор под сомненеие дека предизвикал сообраќајна несреќа со смртен исход.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст