Поради невнимание 17 годишниот Ќ.М. од Кичево си ја застрелал својата малолетна сестра. Тој со пиштолот, сопственост на неговиот татко испукал еден куршум, при што го повредил девојчето, кое по укажаната медицинската помош во Кичево било префрлено во Скопје на Клиниката за детска хирургија. Таму и била констатирана прострелна влезно-излезна рана на десната надколеница.
Полицијата поднесе кривична пријава против Ќ.М. поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Пријавениот, во семејна куќа во Кичево, неовластено чувал полуавтоматско огнено оружје, пиштол „ЦЗ“ калибар девет милиметри. Пиштолот бил во сопственост на неговиот татко кој имал соодветна дозвола за поседување на огненото оружје.
Одземеното огненото оружје е испратено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст