Деветнаесет годишната А.М. жителка на село Матејче вчера била примена на гинеколошкото одделение во Куманово со обилно крварење, откако претходниот ден се породила во својот дом и го фрлила бебето во реката што поминувала зад нејзината куќа.
Како што соопшти МВР, вчера околу 11,30 часот во СВР Куманово од страна на медицинска сестра од гинеколошко одделение при Општа Болница Куманово е пријавено дека на нивното одделение со обилно крварење е донесена А.М. (19) од село Матејче, Општина Липково.
Од извршен преглед на лекар-гинеколог е утврдено дека истата се породила во период од 24 часа. А.М. која што веќе била во поодмината бременоста и за која не постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана за бременоста, на 18 август 2016 година почнала да крвари, по што отишла во тоалет во нејзината куќа каде се породила. Го извадила бебето по што го фрлила во река што поминува зад нејзината куќа. Откако и се влошила состојбата нејзините родители ја пренеле во Општа болница во Куманово.
Со настанот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Куманово, по чија наредба од страна на лекар од судска медицина над А.М. ќе биде извршен гинеколошки преглед, а телото на бебето кое било пронајдено ќе биде предадено на судска медицина заради обдукција.
Извршен е комплетен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


