Нови закани на албанските екстремисти упатени кон српскиот народ кој живее во Косово и Метохија. Овој пат тоа го направиле преку Фејсбук страната посветена на еден од основачите на ОВК, Мује Красниќи, убиен во 1998. година.

Страната е посветена на еден од основачите на оваа паравоена единица и објавува фотографии на кои се гледаат униформирани и вооружени луѓе на терен и на вежби, наводно од Косово.
Некои од фотографиите од маскираните мажи наводно настанале неодамна, за време на обуката во селото Обриње.
Меѓу статусите во кои се возвишува албанскиот екстремизам и военото минато на ОВК, се истакнува и еден во кој се наведува дека на “21. август се очекува бомба, кога ќе бидат објавени имињата на војниците на 113. бригада на ОВК”.
Во големиот број на постови се споменува и Дреница, како место во кое ќе започне нов удар и на кое ќе воскресне таканаречената Ослободителна војска на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


